Македонија Топ вести

Филипче: Од утре се враќа полицискиот час, а се забранува и одењето на гробишта

Заради спречување на дополнително ширење на вирусот во ризичните региони, Владата донесе одлука за враќање на полицискиот час и рестрикциите на движењето, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Тој објасни дека се воведува целосна забрана за движење на граѓаните од сите општини во Скопје, Теарце, Желино, Јегуновце, Тетово, Куманово, Липково и Штип.

Тој истакна дека новиот бран со новозаразени е директна последица на непочитувањето на мерките за заштита од ковид-19.

– Се надевам дека конечно и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега. По одржани 100 прес-конференции, еден дел од граѓаните сè уште одбиваат да ја прифатат реалноста и да прифатат дека одговорноста е кај секој поединец. Она што сега го кажувам е реалност. Сите заедно можеме да ја надминеме кризата. Тврдам дека сите мерки се добри и сите пораки што ги испративме до јавноста беа прецизни. Верувам дека враќањето на рестрикциите не е лесно. Наша обврска е да направиме сè за заштита на колективното здравје. Тоа го правевме досега и ќе продолжиме понатаму да го правиме. Ако било кога во историјата било потребно единство, тоа е сега – рече Филипче.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Свежо време денес и утре, потоа затоплување

saso user

Заев: Срамота е да се каже дека Тевдо сум го сменил поради новиот Клинички

saso user

Дуелот Заев-Мицкоски, дуел на Велемајстор и Марионета на која и недостасуваше личниот Кукловод !

saso user