Спорт

Милутинов наместо во НБА, потпиша за московскиот гигант

Српскиот репрезентативен центар и поранешен играч на Партизан, Никола Милутинов, вчера стави потпис на тригодишен договор со руската екипа ЦСКА Москва.

-После пет години со Олимпијакос, дојде време за ново поглавје во мојот кошаркарски живот. Досега во кариерата, сите одлуки кои ги направив беа повеќе или помалку тешки, оваа не беше таква. Клуб со огромна традиција, претседател кој живее за овој тим, трофеен тренер, одлична организација, моќна и прекрасна Москва, изјави Милутинов при потпишувањето на договорот.

Тој во 2015 година од Партизан премина во грчкиот шампион, а изигра повеќе од 164 натпевари во Евролигата.

-Јас сум почестен што ќе бидам играч на ЦСКА Москва и свесен сум за одговорноста и целите кое ова фамозно име ги носи. Одвај чекам да почнам, се гледае наскоро во Москва, додаде Милутинов.

Грчкиот тренер на ЦСКА, Димитрос Итудис, изрази огромно задоволство поради трансферот. Позицијата на Милутинов и во неговиот тим ќе биде идентична како онаа во Олимпијакос и Итудис се надева дека Милитунов ќе биде целосно подготвен за следната сезона во која рускиот тим ќе атакува на нова титула во Евролигата.

Да се потсетиме, Милутинов беше избран како 26-ти пик на НБА драфтот од Сан Антонио Спарс.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Бразилците во бело, како на Мундијалот 1950 година

saso user

Ана Стојановска и Теодор Волкановски државни прваци во пинг понг

saso user

„Црвените ѓаволи“ повторно ќе ги води Сер Алекс

ohrid_user