Сцена

Куршум ја погодил тинејџерката в лице, Ким Кардашијан сака да ѝ го плати лекувањето

На протестот во Луисвил, Кентаки, во САД поради смртта на Џорџ Флојд, тинејџерката Шанин Шарајс била погодена со гумен куршум во лицето. Таа, наводно, стоела и го снимала протестот со својот мобилен телефон кога била повредена. Луѓето почнале да викаат и да побараат медицинска помош кога сфатиле колкава штета ѝ нанел куршумот на лицето.

На Шанин ѝ отекло лицето, а очите не ѝ се гледале, од нив течеле крвави солзи. Куршумот погодил и дел од кожата на главата. За немилата случка Шанин се огласила на социјалните мрежи.

Кога старлетата Ким Кардашијан Вест (39) дознала што се случило со Шанин, ги замолила своите следбеници да ѝ помогнат да ја пронајдат тинејџерката, бидејќи сака да стапи во контакт со неа. Ким понудила да ги финансира медицинските зафати на Шанин.

– Ова ми го нарушува срцето и вознемирувачки. Дали некој знае како да дојде до неа? Јас би сакала да и помогнам во третманот ако she треба помош – напиша Ким. Луѓето почнаа да ја обележуваат Ким на профилот на Шени и со тоа и помогнаа на познатата сестра да и ’пријде.

Ова не е прв пат Ким да се залага за правда на „малите“ и „обичните“ луѓе. Таа ангажираше адвокати кои и помогнаа да излезе од затвор десетици луѓе, а заради сето тоа мораше да соработува со американскиот претседател Доналд Трамп (73).

Фотографијата можете да ја погледнете ТУКА.

ФОТО: Твитер/Инстаграм

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Мадона ги згрози следбениците, пие урина за здравје

saso user

Антонио Бандерас снимен во непропoзнатливо издание пред својата вила ФОТО

saso user

Бебето на Меган и Хари нема да го има Џорџ Клуни за кум

saso user