Бизнис

Картичката „Купувам домашно“ го привлече вниманието на медиумите од регионот

Во повеќе медиуми во регионот деновиве беше објавено дека во земјава се издава платежна картичка „Купувам домашно“, како финансиска поддршка за невработените и лицата со ниски примања, во рамки на справување со корона-кризата.

„Почнува примената на картичката „Купувам домашно“, мерката ќе опфати околу 270.000 граѓани“, „Македонија лансира картичка „Купувам домашно“, „Македонците добиваат пари од државата“, се само дел од насловите со кои беше објавена веста за картичката, со која, како што наведе министерката за финансии Нина Ангелова ќе бидат опфатени 270.000 граѓани.

– Со домашната платежна картичка, која е дел од третиот сет мерки, ќе се купуваат само домашни производи и услуги и на тој начин ќе се помогнат и граѓаните со пониски примања кои ќе ја добијат картичката, и домашните фирми. Домашната платежна картичка ќе се користи во ограничено покусо време и на тој начин во пократок рок ќе се влејат повеќе средства во домашното стопанство – рече Ангеловска.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Влада: МРТ работи со загуба и не ги исполнува професионалните стандарди

saso user

Се делеле тендери без објавен оглас, лани 596 договори се склучени на ваков начин

saso user

Скратена работна недела за поголема продуктивност на работниците

saso user