Спорт

Алонсо се враќа во Формула 1

Шпанскиот возач Фернандо Алонсо скоро сигурно ќе се врати во Формула 1 во тимот на Рено од 2021 година, пренесува „Ф1-инсајдер“.

Двократниот светски шампион се очекува да потпише договор за две сезони, а по неговото истекување ќе стане директор во францускиот тим.

Единствената пречка за реализација на проектот може да биде Себастијан Фетел. Германецот го напушта Ферари на крајот на кампањата и ако реши да се пресели во Рено, ќе се намали опцијата за привлекување на Алонсо во тимот.

Триесет и осум-годишниот Шпанец последен пат возеше во Формула 1 за Мекларен во сезоната 2018. Тој има 32 победи во 311 старт, освојувајќи ги своите титули во 2005 и 2006 година со тимот на Рено.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Јувентус му ѕвечка со пари на младиот Донарума

saso user

Гризман веќе не го сакаат во Барса

saso user

Местење на натпревари го чинеше белгиски Мехелен учество во Лига Европа

saso user