Балкан

Црна Гора има 62 eвро-милионери

Во Црна Гора има шеесет и двајца милионери, граѓани кои имаат повеќе од еден милион евра на своите банкарски сметки, соопшти Централната банка на Црна Гора, пренесува РТЦГ.

„Според месечните податоци доставени од страна на банките до ЦБЦГ на 30 април, 62 лица во Црна Гора имаат депозит од еден милион и повеќе евра, што е за четири помалку во однос на крајот на минатата година“, истакнуваат од Банката за „Побједа’.

Најбогатиот на сметка имал 10,6 милиони евра. Не бил Црногорец, туку странец што живее во Црна Гора.

Повеќето милионери имаат помеѓу еден и пет милиони евра на сметка. Тројца имаат депозит меѓу пет и десет милиони, а еден од десет до 20 милиони евра.

На почетокот на 2018 година Црна Гора имаше 64 милионери.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Уште една туристка го изгуби животот во Хрватска, сакала да го спаси пијаниот сопруг

saso user

Грци пееле „Македонија славна“ и покрај банот од власта

saso user

Ветер, грмотевици и град во Словенија и во Хрватска

saso user