Бизнис

„Форбс“ вклучи дури три хрватски градови меѓу најбезбедните дестинации по коронавирусот

Американското списание „Форбс“ во 20-те најбезбедни и најдобри европски дестинации за пост-корона патувања и туризам вклучи дури три хрватски дестинации. Тука се Загреб, Цавтат и Ријека, објавила Ина Родин, директорка на Претставништвото на ХТЗ во Њујорк.

„Форбс“ наведува дека Европската организација за најдобра дестинација издвоила 20 европски дестинации кои најмалку се погодени од коронавирусот, а кои ги предлага како поволни дестинации за патувања во наредните месеци.

– Вклучувањето на дури три хрватски дестинации на списокот на најбезбедни европски дестинации го потврдува меѓународниот статус на нашата земја како квалитетна и безбедна туристичка дестинација која ги има сите предуслови за безбедно одвивање на туризмот во наредните месеци – рекол директорот на Хрватската туристичка заедница, Кристијан Станичиќ.

На високото трето место на списокот е Цавтат, кој е опишан како омилена дестинација за славните личности, семејствата, љубителите на добра гастрономија, културата, природата и водните спортови. Загреб се најде на осмото место на EBD листата и тоа како идеална дестинација за city break дестинации, додека на Ријека, Европската престолнина на културата во 2020 година, ѝ припадна дванаесеттото место на листата.

На прво место е Тбилиси, главниот град на Грузија, а свое место на листата се најдоа и дестинациите како Крф, Азорските острови, Котор, Варшава, Виена, Бохињ и Малта го најдоа своето место на списокот.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Потврдени сертификатите на Алкалоид за добрата производна пракса во ЕУ

saso user

Анѓушев: Каматите на депозитите треба да се оданочат, а данокот на капитални добивки да се пролонгира

saso user

Ангеловска: Компаниите може да аплицираат за мерката 14.500 и за месец јуни

saso user