Свет

Тонино Пицула ќе биде известувачот на Европскиот парламент за односите со САД

Хрватскиот европратеник Тонино Пицула е назначен за постојан известувач на ЕП за односите со Соединетите Држави, јави Хина. Пицула, од оваа должност, во името на Европскиот парламент ќе ги покрие сите теми поврзани со односите ЕУ-САД, а ќе биде претставен од Комитетот за надворешни работи на ЕП (АФЕТ) и неговата парламентарна група на социјалисти и демократи.

Меѓу приоритетните теми со кои ќе се занимава Пицула ќе бидат еднаквоста на граѓаните на сите земји членки на ЕУ во односите со Соединетите Држави, како и укинувањето на двојното оданочување, соопшти неговиот кабинет.

Пицула изјави дека со ова назначување му е искажана голема доверба бидејќи односите со САД се една од најважните европски теми во овој мандат на ЕП.

– Гледајќи го моментот, бранот оправдани протести против расистичкото насилство што од минатата недела ги зафатија САД, полициската бруталност против демонстрантите и медиумите што се под закана за демократските стандарди во таа земја, докажуваат дека кон односите со оваа земја треба да се пристапи со должно внимание, особено кога ЕУ и самата води борба против антидемократските сили кај некои нејзини членки – рече Пицула.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Шпанско училиште ги учи децата на домаќински работи

saso user

Бајден ги откажува митинзите поради ковид-19

saso user

Растат хакерските напади врз „критична инфраструктура“ во Германија

saso user