Сцена

Поранешната на принцот Хари проговори: Цело време живеев во страв

Пред да ја запознае својата сопруга Меган Маркл, британскиот принц Хари беше во неколку врски кои привлекуваа мноштво внимание во јавноста и медиумите. Една од нив е и онаа со британската манекенка и актерка Кресида Бонас.

Хари со Кресида беше во врска три години пред тие официјално да ја прекинат кон крајот на 2014 година, бидејќи, како што објавија медиумите, 31-годишната Кресида не можела да се справи со притисокот на јавноста.

Кресида потоа не се огласувала премногу во медиумите, а сега за „Дејли телеграф“ проговорила за деталите за врската.

– Отсекогаш се плашев дека ќе направам грешка, дека ќе бидам одбиена, дека нема да направам нешто добро, дека нема бидам совршена… Мислам дека сето тоа ме попречуваше во одредени делови од животот – започнала таа.

Кресида потоа рекла и дека токму поради стравот што го чувствувала, одлучила да ја прекине врската со принцот. Таа признала дека нејзиниот живот целосно се променил после таа врска.

– Мислам дека после сѐ зајакнав како личност и самата си ги наредив нештата во мојата глава за тоа што сакам во животот. Исто така, таа врска ме поттикна и уште повеќе да работам на себе и на остварувањето на своите цели како и да ги поместам сопствените граници затоа што никако не сакав да бидам попречувана на кој било начин – објаснила Кресида.

FOTO: Instagram

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Нема докази дека фронтменот на „Продиџи“ се самоубил

saso user

Анџелина и Бред конечно и официјално се разведоа, шесте деца ѝ припаднаа на мајката

saso user

Игор поднел документи за развод: Северина во долгови до гуша

saso user