Свет

Песков: Русија ќе побара повеќе детали за евентуално проширен самит на Г7

Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп да ја покани Русија на проширен самит на Групата седум најразвиени земји (Г7) подоцна оваа година покрена повеќе прашања отколку што понуди одговори, но руските дипломати ќе бараат појаснување од Вашингтон, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Ова е формат во кој Русија не учествува и затоа од почетокот рековме дека во овој момент има повеќе прашања отколку што има одговори – им рече Песков на новинарите.

Песков додаде дека Русија ќе побара повеќе детали за предлогот на Трамп преку дипломатски канали.

Трамп во саботата изјави дека сака да го прошири списокот на поканети на самитот на Г7 со Австралија, Русија, Јужна Кореја и Индија и тоа го повтори во вчерашниот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

Пред шест години, Русија беше исфрлена од Г8 по анексијата на Крим од Украина.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Сергеј и Јулија Скрипаљ се селат на Нов Зеланд

saso user

Бил Гејтс не верува во ефикасноста на вакцината против ковид-19

saso user

Мајка и татко монструми сексуално го злоставувале своето бебе во Германија

saso user