Урбани вести

Официјално означен стартот за изградба на резервоар за водоснабдување на село Издеглавје и село Слатински Чифлик.

Официјално започнавме со реализацијата на уште еден значаен инфраструктурен проект, со што исполнуваме уште едно дадено ветување -изградба на резервоар за водоснабдување на село Издеглавје и село Слатински Чифлик.

Проект кој дваесет години наназад беше само неисполнето ветување‼️

Вкупната вредност на проектот изнесува 5.072.301 денари, од кои 3.902.260,00 денари се обезбедени од Министерството за транспорт и врски, преку проектот “Водоснабдување и одведување на отпадни води” , финансиран согласно Договорот за заем од Европската Инвестициона банка, а 1.170.041,00 денари ќе се обезбедат од Буџетот на општина Дебрца.

Со реализацијата на проектот се обезбедува квалитетно водоснабдување на село Издеглавје, а со завршената изградба на доводниот цевковод минатата година до село Слатински Чифлик, за кој се инвестираа 3.491.010 денари, обезбедени од Бирото за регионален развој, Програмата за финансирање на проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби за 2019 година, вода за пиење ќе добие и ова село.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ЈАВЕНПОВИК ЕВИДЕНТИРАНИ НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ ВО ПРОГРАМАТА ОПШТИНСКО-КОРИСНА РАБОТА ЗА ПРОЕКТ “ОД ЖИТЕЛИТЕ ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА ОПШТИНАТА”

saso user

Општина Охрид ја продолжува акцијата за враќање на обалата на народот, ќе се уриваат сите објекти не селективно,а ке врши партерно и хотикултурно уредување.

saso user

Петкоска: Има зошто да изберете обнова!

saso user