Свет

Мас: Протестите во САД се повеќе од легитимни

Мирните демонстрации во САД против „шокантната“ смрт на Џорџ Флојд за време на полициското апсење се „повеќе од легитимни“, рече германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас.

– Мирните протести што ги гледаме во САД … се разбирливи и повеќе од легитимни. Се надевам дека овие мирни протести нема да преминат во насилство, но дури и повеќе од тоа, се надевам дека ќе ги променат САД – истакна Мас пред новинарите.

Тој, исто така, рече дека новинарите „мора да бидат во можност да ја извршат својата задача – да информираат без страв за својата безбедност“.

– Демократските држави мора да применат највисоки стандарди за да ја заштитат слободата на печатот. Во овој контекст, насилството не смее да се критикува само преку прогон и сослушување, за да можат новинарите да бидат ефективно заштитени додека ја вршат својата работа – истакна Мас, по информацијата на Дојче веле дека нивни новинар бил меѓу оние кои се нашле на удар од американската полиција додека известувале за антирасистичките протести во Минеаполис. 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Последната фотографија на Никола Тесла (ФОТО)

saso user

Алјаска: Вулкан на Алеутските острови исфрли пепел

saso user

Орбан: ЕУ направи сериозни грешки со економијата и миграцијата

saso user