Балкан

Летувањето во Грција нема да биде исто како што сме навикнати

Денеска властите во Грција усвоија нов сет на мерки кои носат и нови забрани пред претстојната сезона.

Според најновите одредби, не само што е ограничен бројот на луѓе кои истовремено можат да престојуваат на одредена локација, туку е регулирано и минималното растојание меѓу лежалките и чадорите за сонце.

Од денес дозволено е на површина од илјада метри квадратни да има максимално 40 луѓе, со тоа што чадорите мора да бидат на растојание од четири метри. Но, тука не е крајот на грчките „математички пресметки“ – чадорите покрај тоа треба да бидат поставени да исполнат минимум еден метар дистанца од сенката.

Под чадорот за сонце дозволено е да бидат поставени само две лежалки на растојание од 1,5 метри, а тоа правило нема да важи за семејствата со мали деца.

Усвоена е забрана за сите тимски спортови кои подразбираат близок контакт, како и низа на мерки за сите ресторани во кои уживавте во изминатите години.

Забрането е организирањето на журки и подолгото задржување во угостителските објекти. Минималното растојание мора да биде 1,5 метри, а сите вработени мора да носат заштитни маски.

Компаниите кои нема да ги почитуваат овие мерки или пак дел од нив, во зависност од проценката колку голем ризик претставувале по јавното здравје ќе заработат парични казни во износ од 5.000 до 25.000 евра, како и забрана за работа во период од 15 до 20 дена.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Хрватскиот претседател напушти собир поради усташкиот поздрав „За дом спремни“ ВИДЕО

saso user

Нова доза протести во Белград и во другите градови низ Србија

saso user

Вучиќ: Србите и Хрватите мора да сметаат едни на други

saso user