Балкан

Лајчак: Поддршка од 27 земји-членки на ЕУ за продолжување на дијалогот Белград-Приштина

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, денеска изјави дека добил поддршка од 27 земји-членки на ЕУ за продолжување на дијалогот.

„Благодарам за силната поддршка што ја добив денеска од 27-те земји членки на ЕУ! Многу охрабрувачка дискусија за мојот мандат и за патот пред нас“, напиша Лајчак на Твитер по денеска одржаниот панел во Брисел.

Во исто време, тој сподели објава од австриската амбасадорка во ЕУ, Кристине Кокинакис, која на својот официјален налог на Твитер напиша дека се одржала одлична дискусија во Брисел со Лајчак за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина и за иднината на Западен Балкан во ЕУ.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Во Србија од утре работат сервиси, чевлари, кројачи, авто-школи, книжарници

saso user

Црногорски бизнисмен донира два милиона евра за Албанија

saso user

Само во Црна Гора државата субвенционира станови на високи функционери

saso user