Свет

Коронавирусот за пет месеци им го скрати животот на Белгијците

Демографскиот институт на Белгија ги објави последните податоци за последиците од епидемијата на ковид-19 врз популацијата, од кои произлегува дека животниот век се намалува, а населението значително побавно ќе расте.

Зголемената смртност и намалените миграциски текови, што се должат на пандемијата, ќе тежат врз демографскиот биланс на Белгија оваа година, соопшти утрово Федералното биро за планирање.

Наместо планираното зголемување на населението од 50 илјади, тоа ќе порасне само за 17 илјади во 2020. Анализите покажуваат зголемување на смртноста за девет илјади лица, додека пак 87 илјади помалку мигранти ќе влезат во Белгија поради рестрикциите поврзани за пандемијата.

Ова исто така значи дека во просек животниот век во Белгија оваа година ќе се намали за пет месеци во споредба со ланската година, додека обично тој секоја година се зголемува за два и пол месеци.

Доколку епидемијата биде контрола, од другата година се очекува кривата на животниот век да се врати на предпандемскиот просек.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

„Ел Паис“: Шпанија добива нова влада меѓу 2 и 5 јануари

saso user

Аргентина воведува карантин за сите граѓани

saso user

Курдите: Гаќите на Ал Багдади украдени за да биде идентификуван

saso user