Бизнис

Компаниите до 05, односно до 07 јуни можат да поднесат барање финансиска помош за мај

Од вчера, 01.06.2020 до 07.06.2020 година, работодавачите може да поднесуваат Барања за финансиска поддршка за исплата на плата за месец мај 2020 година, односно до 05.06.2020 година Барања за субвенционирање на 50% од придонеси од задолжително социјално осигурување и Барање за финансиска поддршка на самостојните вршители на дејност.

Во месецот што измина Управата за јавни приходи прими, провери и обработи вкупно 23.861 барања за финансиска поддршка за исплата на плата на повеќе од 120 илјади вработени. Мал број на барања се сè уште во постапка на проверување и обработување.

Само мерката финансиска поддршка за исплата на плати за месец април ја искористиле 19.350 компании за 127.426 вработени лица од кои:

– 42 компании кои имаат над 250 вработени (за 26.680 вработени);
– 300 компании се со број на вработени од 51 до 250 (за 27.635 вработени);
– 19.008 се компании со број на вработени од 1 до 50 (за 73.111 вработени).

Комбинација на мерката финансиска поддршка за исплата на плата и мерката субвенционирање на 50% од придонесите од задолжително осигурување ја искористиле 1.427 компании со 10.668 вработени, од кои 516 од дејноста транспорт, 724 од угостителство и 187 од туризам и тоа:

– 3 компании со над 250 вработени (за 478 вработени);
– 24 компании се со вработени од 51 до 250 (1.984 вработени);
– 1.400 компании со број на вработени од 1 до 50 (8.206 вработени).

Само мерката субвенционирање на 50% од придонесите од задолжително социјално осигурување ја искористиле 1.680 компании, опфатени се 12.011 вработени лица и тоа:

– 3 компании се со над 250 вработени (846 вработени);
– 24 компании се со вработени од 50 до 250 (2.082 вработени);
– 1.653 компании се со вработени од 1 до 51 (за 9.083 вработени).

Мерката финансиска поддршка на физичко лице кое врши самостојна дејност е искористена од страна на 5.187 самовработени лица со поднесени комплетни барања за БФС-СВД. По оваа мерка на физичките лица кои вршат самостојна дејност одобрен им е и исплатен вкупен износ од 75.211.500 денари.

Користењето на финансиската поддршка од страна на работодавачите по региони како што ги администрира УЈП: Скопје 5.787, Штипско 3.310, Тетовско 3.591, Струмичко 1.372, Битолско 3.252, Прилепско 2.038.

Управата за јавни приходи за економските мерки кои ги спроведува отвори посебна електронска пошта finansiska.poddrska@ujp.gov.mk каде граѓаните, работодавачите, сметководителите и други заинтересирани страни добиваа одговори околу начинот на поднесување на самите барањата, статусот на барањето, исправање на грешки внесени во барањата и сл. На овој маил поставени над 2.500 прашања кои од страна на даночните службеници се одговараат.

Мерката-ослободување од износот за плаќање на аконтации за данок на личен доход искористиле 680 даночни обврзници, а мерката ослободување од плаќање на аконтации на данок на добивка 818 даночни обврзници и тоа: 165 од дејност транспорт; 126 од дејност угостителство; 86 од дејност туризам; 441 од останати дејности. Управата за јавни приходи како институција беше вклучена и во подготовката на третиот сет економски мерки каде претставници активно учествуваа во изготвување на Уредбите за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба, како и Уредбата со законска сила за финансиска поддршка за поттикнување на домашен туризам преку ваучери од 6.000 денари. Управата за јавни приходи останува посветено да ги спроведува економските мерки за поддршка на граѓаните и стопанството за излез од здравствено-економската криза и враќање на нормалното функционирање на општествените текови.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Уште денеска и утре потврда или корекција на даночна пријава

saso user

АДСДП доби 2 награди за развој на претприемништво во Централна и Југоисточна Европа

saso user

Пари од ФИТР за учество на ученици на меѓународни натпревари

saso user