Македонија

За непочитување на мерките за заштита добивме 847 пријави, вели Хавзиу

Во периодот од 11 март до 28 мај годинава Државниот инспекторат за труд регистрирал 2.300 пријави од граѓани, од кои 847 на непочитување на мерките за заштита од коронавирусот. Останатите пријави, како што рече директорот Аљајдин Хавзиу, биле за добивање информации.

– Во овој дел само мал број од пријавите се во однос на работните услови внатре. Повеќето се по закон за работни односи. Претствници на државниот инспекторат за труд во овие конфекции кои сега се посочени со проблеми и во останатите конфекции цело време биле присутни, сугерирале да се придржуваат кон мерките и протоколите на Владата, работодавачите успешно го спроведувале и по тој основ ние немаме претставки – рече Хавзиу.

Тој апелираше да се продолжи со почитување на донесените мерки за заштита, бидејќи дале ефекти. Најави дека инспектори од ДИТ и натаму ќе бидат присутни на терен да контролираат дали мерките се почитуваат.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Во објект во Ваксинце пројанден 81 мигрант, приведен сопственикот на објектот

saso user

Загина македонска државјанка во сообраќајка во Хрватска

saso user

Анкета на Охридскај: Кој сакате да биде ваш градоначалник на Охрид?

saso user