Македонија

Заразени пациенти проговорија за Телма: Нè вратија од мртвите! (ВИДЕО)

Ова е Заир Селмани од Куманово. Верува во Бог, ама и во докторите кои му го спасиле животот. Пред две недели кога бил донесен на интензивна нега вели дишел на шкрги, лекарите едвај се избориле за повторно да земе воздух со полни гради, оти снимката на прием покажувала дека коронавирусот опфатил 90 проценти од нив. Денеска го чека вториот негативен тест после помината вистинска битка за воздух, објави Телма.

Селмани еден од повеќетемина пациенти кои се најтешко болни и лежат на инфективна. Оваа девојка освен што има вирус имала итна хирушка интервенција на друга клиника и била во критична состојба.

Денеска е ден во кој од инфективна се испишани 11, но примени 6 нови заразени од Ковид 19. И покрај тоа што тука атмосферата е оптимистичка за во иднина, сепак и болничарите и сестрите и докторите се разочарани од моменталните случувања.

„Многу тажни приказни можат да се слушнат зад болничките врати. Затекнавме старец во многу тешка состојба кој дише со помош на маска. Состојбата многу му се подобрувала се до моментот кога го изгубил својот син исто така од ковид-19. Селмани пак имал повеќе среќа, но се кае што не верувал во опаката болест“, сведочат новинарите на Телма.

Целиот текст на Телма прочитајте го ТУКА.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Нуредини: Работиме континуирано на зачувувањето на пределската разновидност и биодиверзитетот

saso user

Поради сообраќајка времен прекин на сообраќајот на патниот правец Гостивар – Кичево кај месноста викана Каменолом

saso user

Старешини на Брод на АРСМ во Охрид демолирал Катамаран,по што избегале од лица место?!

saso user