Македонија

Задутре одлука дали ќе има полициски час за Задушница, ги знаеме семејствата со новите случаи, вели Филипче

Дали за претстојниот празник Задушница ќе има полициски час во земјата ќе се знае до задутре.

– Комисијата за заштита од заразни болести до четврток треба да донесе одлука за евентуално воведување рестриктивни мерки на одредени подрачја. Ќе ги анализраме бројките на новите случаи и од каде потекнуваат. Точно ги знаеме семејствата во скопските општини и во регионот на Кумановосо новите случаи, а засега нема податок дека е нешто непознато или може да не изненади во нов кластер. Но внимателно, одлуката ќе се донесе до четврок, еве во петок е празникот. Може граѓаните да не ги почитуваат  превентивните мерки – изјави министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес конференција.

Тој најави дека ќе се разгледаат регионите во населбите, па ќе има и разговор со одговорните во МВР, кои би го организирале сето тоа, бидејќи е покомпликувано кога такви мерки се прошишуваат за  голем град, како Скопје.

– Не тврдам сеуште како за викенд ќе биде движењето на граѓаните – изјави Филипче.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Бошњаковски го демантира Хаџиу: Заев не најавил оставка

saso user

Мицотакис со поддршка на ЕУ перспективата на соседите

saso user

Четворица потешко повредени во 28 сообраќајки викендов во Скопје

saso user