Сцена

Едниот ѝ плати на проститутка 25.000 долари, а другиот беше фатен со трансродна жена: Скандалите на холивудските заводници

Холивудските ѕвезди ги следат многубројни скандали, па поради тоа некои биле уловени во бројни афери.

Најпознат пример на славна личност е британскиот актер Хју Грант. Тој бил уловен во текот на 90-тите години со Дивајн Браун и веднаш ја признал вината. Добил симболична парична казна и две години условна казна.

– Мислам дека знаете во животот што е добро, а што лошо. Епа јас направив лоша работа и тоа е тоа – рекол Грант набрзо по скандалот во емисија.

Актерот Чарли Шин имал проблеми со дрога, па поради тоа го исфрлиле и од популарната серија „Два и пол мажи“. На почеток на 90-те години полицијата открила илегален бизнис со проституција на холивудската мадам Хајди Флајс, а кај неа биле пронајдени чекови од Шин.

Шин и понатаму плаќал интимни услуги на пријателките, а во текот на 2011-та година американските медиуми откриле дека на ”дивиот” викенд тој на девојки потрошил 25.000 американски долари.

Неговите забави го чинеле и по здравјето, а во 2017-та година открил дека е ХИВ позитивен.

Медиумите во текот на 2007-та година тврделе дека раперката Ив изнајмила проститутка додека престојувала во Мајами. Меѓутоа таа тоа го демантирала.

„Прво, мислам дека тоа е пресмешно. Второ, доколку сакам да имам односи со некој, тогаш сигурно не би изнајмила проститутка“ – истакнала таа.

Комичарот Еди Марфи бил ”уловен” со трансродна проститутка во текот на 1997-та година. За полицијата изјавил дека му изгледала дека ѝ е тешко кога ја сретнал, па ѝ понудил превоз.

„Не направив ништо погрешно. Сакав да бидам добар и ете што се случи“ – изјавил тој.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Том Крус гради село без коронавирус

saso user

Чолиќ имал компанија за телефонски двојници: Ме бива како бизнис советник

saso user

Ема Стоун падна и си го скрши рамото на концертот на „Спајс грлс“ ФОТО

saso user