Здравје

Сода-бикарбоната може да ги замени пестицидите: Како да ја користите за да го спасите овошјето од пропаѓање

Време е за градинарство. Ви донесуваме неколку совети за благодатите на сода-бикарбоната, кои можете да ги користите во текот на летните месеци.

Сода-бикарбона за винова лоза и грозјето

Ако имате винова лоза не заборавајте да ја прскате со раствор од сода-бикарбона:

75 гр сода-бикарбона измешајте во 10 литри вода. Испрскајте го грозјето во текот на зреењето и со тоа ќе го спречите сувото расипување, а можете и да го зголемите шеќерот во зрната. Истиот раствор може да се користи и за прскање на стеблата на разни овошки и со тоа да ја спречите појавата на гасеници на лисјата.

Сода-бикарбона против пестицидите

Краставица: За превентивно прскање на краставиците користете 1 мала лажица сода-бикарбона и 1 литар вода. Со ова ќе го спречите пожолтувањето на листовите.

Зелка: Со истиот раствор може да го посипете зелката против гасеници или инсекти. Исто така, можете да направите раствор од 9 лажици јаболков оцет и 1 литар вода. Со овој раствор испрскајте ја зелката и нема да имате проблем со бубачките.

Рибизли: Овие плодови испрскајте ги со следниов раствор: 1 супена лажица сода-бикарбона, 1 аспирин, 1 лажица детергент за миење садови, 1 лажица растително масло и 4,5 литри вода. За да ги привлечете пчелите на грмушката на рибизлите, испрскајте ги со медена вода: во литар вода растворете 1 лажица мед. Ова ќе ги привлече опрашувачите и вашите рибизли ќе имаат богат плод.

Јагоди: Во 10 литри вода (задолжителна е пластична канта) капнете 15 капки јод и мешајте со дрвена лажица за јодот да се раствори во водата. Потоа обилното полевање на јагодите, или после дожд,  покрај секоја јагода сипете и малку од овој раствор. Потоа може да размислувате за тоа да ги пресадите јагодите на друго место. И добро водете сметка да не ја надминете дозата на јодот, бидејќи во спротивно можете да го изгорете коренот на јагодите.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Неколку свежи сливи на ден ќе ги зајакнат коските и ќе го намалат ризикот од рак на дебело црево

saso user

Предизвик кој ќе ве натера да се откажете од пушење: За 30 дена без цигара награда од 400 евра

saso user

Кои се знаците на недостаток на витамин Б12

saso user