Здравје

Кашлате и ве боли грлото? Земете парче чоколадо

Докторот за кардиоваскуларни и респираторни болести, Алин Морис, зборувал за американскиот „The Sun“ и објаснил зошто верува во теоријата со чоколадото. Овој лекар вели дека спровел истражување во кое учествувале 163 луѓе, кои почувствувале значителна разлика во дишењето и намалување на кашлањето, затоа што консумирале чоколадо неколку дена по ред.

Меѓутоа, ова не е првпат да се зборува за чоколадото како за лек. Имено, пред неколку години, на еден лондонски универзитет откриле дека какаото има поголемо влијание на лекувањето на кашлицата отколку сирупите.

„Постојат две разлики зошто чоколадото може да ги намали тегобите во грлото. Првата можност е фактот дека чоколадото, како и медот, формира заштитетн слој во грлото, па тоа така помалку се иритира и предизвикува помалку кашлица. Друга теорија е дека чоколадото содржи состојка наречена теобромин, која ја запира кашлицата“, вели Морис.

Во заклучокот на истражувањето се наведува дека чоколадото ги смирува нервните завршетоци што го иритираат грлото и предизвикуваат кашлица, и дека затоа треба да се конзумира при воспаленија на грлото или иритација.

Фото: Pixabey

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Чаша вода пред јадење за витка линија

saso user

Еве зошто никогаш не треба да пиете кафе на празен желудник!

saso user

Направете лимонада од куркума, лекува депресија

saso user