Свет

Хрватски полицајци им цртале крстови на мигранти, тоа бил „лекот против ковид-19“

Повеќе од 30 мигранти раскажале за британскиот „Гардијан“ дека хрватските полицајци ги тепале и ги ограбувале, а исто така со спреј им цртале крстови на главите тврдејќи им дека тоа е лекот за коронавирусот.

Хрватското Министерство за внатрешни работи ги демантира ваквите пишувања на угледниот британски весник и истакнува дека мигрантите ја измислиле целата приказна.

Инаку, „Гардијан“ дошол до ваквите сознанија откако мигрантите, меѓу кои и деца, сами се пожалиле во редакцијата и им испратиле фотографии.

– Нашата група беше во полициско комбе кое имаше стаклена преграда, па можев да видам дека полицајците застанаа до една продавница за да си купат пиво. Пиеја пиво додека патувавме кон една мала река во близина на Велика Кладуша – раскажал еден Пакистанец.

Тогаш, рекол тој, почнало малтретирањето. Полицајците им наредиле да излезат од комбето еден по еден. Тогаш со спреј им цртале крстови на главите.

– Ни направија крстови на главите, а на неколкумина им нацртаа бркови со спрејот – раскажал мигрантот.

Потоа, вели тој, ги натерале да ја соблечат облеката.

– Ни ги зедоа сите пари и мобилните телефони, а облеката ја запалија. Потоа зедоа дрвени стапови и почнаа да нè тепаат. Нè турнаа во реката и ни рекоа да не се враќаме – рекол тој.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Гутереш: Мораме да се обединиме против сите облици на терор

saso user

НАСА сними спирална галаксија ВИДЕО

saso user

СЗО: Вирусот брзо се шири, светот е во нова и опасна фаза

saso user