Досие Топ вести

(Факсимил)Црвен Крст Охрид исплаќале хонорари за три лица во висина од 200.000 евра во 2019 година,а располагаат со над 700.000 евра !?

Црвен крст Охрид кој години наназад претставува омилена перилница за пари на одредени јавни организации од Охрид, а богами и на поедини приватни фирми, години наназад истиот тој Црвен крст остварува приходи од стотици милиони денари и тоа во име на некоја си хуманост кој никој не ја гледа?!

ЦРВЕН КРСТ ОХРИД СО ТРОЈЦА ВРАБОТЕНИ ГОДИШНО ТРОШЕЛ НАД 100 МИЛИОНИ ДЕНАРИ?

Општинската организација на Црвениот крст на Охрид под која спаѓа и горско спасителна служба години наназад претставува најнеградувана владина организација. Нема години Црвен крст Охрид да не биде добитник те на Климентова награда, те на подолеми парични добивки од Општина Охрид и други јавни претпријатија по основи на донации, нешто што  не е разбирливо, а реалност која мора да ја провери агенцијата за перење на пари, како и Обвинителството за спречување и организиран криминал и корупција.

Црвен крст Охрид има само три вработени лица и тоа:

1.Најдеска Светлана, вработена на 02.12.1980 година со основно образование.

2. Ставрева Мимоза, вработена на 16.09.2011 година на работно место – Администратор на база на податоци со завршено високо образвование, дипломиран менаџер по туризам и угостителство, и лицето

3. Стевоска Даниела, вработена на 22.03.2018 година, на неопределено време, на место социјален работник со завршена стручна спрема-социјален работник.

Прилог: Принт скрин од дата на вработени лица

Она што зачудува во завршната сметка во 2019 година, Црвен Крст Охрид остварил вкупни приходи од 38 896 950  денари. На име на членарина Црвен крст Охрид инкасирал 32 611 118 денари, приходи на закуп на деловни простории 419 511 денари, а додека од 2018 година на завршната сметка од 2019 година прикажале добивка од 2 421 205 денари, нешто што согласно Закон за невладини организации кои што се непрофитни е недозволиво.

МИЛИОНСКИ ПЛАТИ И ХОНОРАРИ СЕ ДЕЛАТ НА ВРАБОТЕНИТЕ НА ЦРВЕН КРСТ ОХРИД?!

Она што изненадува од прикажаните показатели на завршната сметка за ОО на Црвен крст Охрид претставуваат прикажаните расходи по однос на плати, хонорари и други расходи.

Во ставката на исплатени плати Црвен крст Охрид за фискалната 2019 година за своите тројца вработени прикажал исплата на 1 145 580 денари на име плати и придонеси.

Но, на име исплатени хонорари за в.д претседателот Сашо Точков на раководителот на горско спасителната служба во графата на расходи во основ на хонорари исплатени се фантастични 10 470 650 денари или нешто над 160 000 евра.

Она што изненадува дека на девизната сметка на Црвен крст Охрид има салдо од 13 461 411 денари или нешто повеќе од 200 000 евра, додека расположливи средства на банкарската сметка денарска заклучно со 31.12.2019 година имале салдо на потрошени средства од 3 233 460 денари, додека фискалната во 2019 година ја започнале со салдо на денарска сметка од 16 501 480 денари.

За напомена в.д претседателот на Црвен крст Охрид Сашо Точков кој на оваа позиција се наоѓа повеќе од 10 години вработен е во Центарот за јавно здравје Охрид. Истиот долги години се претставуваше лажно како доктор, а  на 05.12.2019 година истиот без огласување е назаначен за директор на ЦЈЗ Охрид со завршен факултет во 2019 година, за прехранбено технолошки науки во Шабац, Р. Србија.

Од погоре изнесеното може да се увиде дека, Црвен крст Охрид долги години наназад претставува  дно од најкриминалните организации во Македонија, која со ребаланс на буџетот на Општина Охрид сега треба да добие 200 000 денари пари на граѓаните на Општина Охрид за реновирање на Општинскиот дом во с. Велестово, а кој дом е целосно изграден од страна на Општина Охрид во 2011 година и кој дом беше даден на стопанисување на Црвен крст. Пародијата да биде поголема со домот управува раководителот на горско спасителната служба при Црвен крст Охрид Додески, кој истиот го претворил во негова сопственост, а кој се издава како апартмани на гости во сопственост на Додески.

Детален приказ на Завршна сметка за 2019 година на Црвен крст Охрид

 

Сашо Денесовски

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Трајковски: НСДП ќе предложи мерки за развој на индустријата во руралните средини

saso user

МЗ: Ќе се подобрат условите во здравството за пациентите и за вработените

saso user

Премиерот Спасовски денеска ќе сведочи за „27 април”

saso user