Македонија

Петровска до Чулев: Началниците назначени од тебе кажуваа дека полицајците немале метро за да измерат растојание

Дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска, наспроти техничкиот министер Наќе Чулев, објави дека бројот на заболени од коронавирус е резултат на обидите да се биде допадлив во ситуации кога ни треба решителност.

„Изминатите денови не убедуваше дека полицијата не треба да казнува туку да биде внимателна. Моите предлози за порешителни акции беа игнорирани. Началниците назначени од тебе саркастично кажуваа дека полицајците немале метро за да измерат два метра растојание! И министерот за внатрешни работи ова го оправдуваше. Директорот на БЈБ испраќа телеграми кои твоите началници ги кријат во фиока. Бројот на заболени е резултат на колебливоста и обидите да се биде допадлив во ситуации кога ни треба решителност“, пишува Петровска.

Лицемерно и неодговорно е да се криеш од јавни соочувања и да одбиваш покани за ТВ дуели, а да се обидуваш да се оправдаш преку ФБ статуси, вели Петровска.

„Македонската јавност и македонската полиција заслужуваат повеќе од ФБ пост или нарачани интервјуа. Граѓаните нема да не оценуваат по убавите зборови, туку по нашите постапки. МВР и инспекторатите треба да казнуваат за да покажат дека има правда, дека оние што ги почитуваат правилата имаат причина да веруваат во законите. Поткопување на правната држава во време на пандемија е низок популизам на штета на сите нас. И да, не се обидувај со прашината за каблите на АНБ да го сокриеш лошото менаџирање, резултатот се гледа“, додава Петровска.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Опаѓа бројот на новозаболени и починати

saso user

Со 4,2 милиони денари ќе се финансира центар за параглаjдинг во Крушево

saso user

Димитров: Кружевме три пати пред да слетаме, се надевам ќе успееме во четвртиот обид

saso user