Бизнис

Големи загуби ќе имаат производителите на овошје и зеленчук

Организацијата за храна и земјоделство при ОН, (ФАО) предупреди денеска за потенцијално големи загуби на производителите на овошје и зеленчук во светот.

Ограничувањата за движење, високите транспортни трошоци и затворените пазари поради пандемијата Ковид-19  ги уништија синџирите за снабдување со овошје и зеленчук и доведоа до големи нарушувања во побарувачката и цените, се вели во соопштението објавено од ФАО.

Додека цените на некои производи се зголемуваат, особено оние за кои се смета дека го зајакнуваат имунитетот како лимоните и лукот, другите драматично паѓаат.

Во земји кои немаат доволно луѓе да соберат овошје или да собираат зеленчук на време, родот може да изгние на нивите, а дополнителни загуби им се закануваат на производителите во случај на доцнење во транспортот или истовар, нагласува ФАО.

– Овошјето и зеленчукот подлежат на брзо расипување и треба да стигнат до пазарот што е можно побрзо. Како и да е, трговските можности се ограничени, затоа што се во синџирот на вредности се распадна, пазарите се затворија, земјите ограничија преминување граници, пристаништата се затворија, трошоците за транспорт се зголемија – смета економистот на ФАО, Андриј Jармак.

Тој додава дека во овие времиња, клучен е пристапот до информации за пазарот во реално време.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Штрајк во „Луфтханза“ откажани се 1.300 летови

saso user

Тахири за балканскиот Шенген: Нео-југословенска тенденција што ќе им наштети на Балканот

saso user

Над 700 заболени од ковид-19 во Косово

saso user