Балкан

Во Грција ќе се субвенционира купувањето електрични превозни средства

Еколошки бонус, односно субвенција за физички лица, за компании и за такси возила, за набавка на електрични автомобили, мотори, велосипеди и мали комбиња, предвидено е да биде вклучен во новиот закон од Министерството за животна средина и енергија на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Конкретниот предлог-закон што е вклучен во широкиот план за „зелен транспорт“ и подобрување на квалитетот на животот, надлежниот министер Костис Хаѕидакис вчера го презентираше за време на владината седница, додека пак комплетниот план ќе го претстави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на 5 јуни, на Светскиот ден на животната средина.

Законот, освен субвенциите, предвидува и даночни олеснувања за компаниите да стекнат и да користат електрични возила, предвидува бесплатен паркинг за електричните возила, како и мерки користење на електричниот транспорт во јавниот сектор.

Кон средината на февруари во грчкиот Парламент пристигна првиот електричен автомобил, а претседателот на Парламентот, Констанинос Тасулас, тогаш рече дека веќе 26 пратеници, нивните службени возила ги заменуваат со електрични автомобили.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Четири жртви на западнонилска треска во Грција

saso user

Словенија се подготвува за можен нов мигрантски бран

saso user

Јанша: Словенечката влада е „клинички мртва“

saso user