Бизнис

Виз Ер најави 6 нови рути до Салцбург

Виз Ер, денес го најави проширувањето на својата мрежа од Салцбург. Од Јули патниците можат да патуваат од аеродромот на Салцбург до Ларнака, Киев, Букурешт, Белград, Тузла и Скопје. Картите до овие дестинации веќе можат да се резервираат на wizzair.com и на мобилната апликација со ниски цени почнувајќи од 14.99 евра,, соопшти Компанијата.

Лансирањето на новите линии од аеродромот на Салцбург е резултат на долгорочната посветеност на авиокомпанијата со Австрија. Двете успешни години работење и повеќе од 3 милиони патници во Виена се доказ дека Wizz Air нуди многу достапни услуги во Австрија. Засновајќи се на овој успех и зголемената побарувачка на пазарот, авиокомпанијата го додава Салцбург на својата сѐ поголема мрежа и носи прифатливи можности за патување до Салцбург и регионот. Најавените рути ќе го зголемат капацитетот на аеродромот во Салцбург за преку 200 илјади седишта годишно и ќе го поврзат градот со  моментално неповрзани дестинации. Авиокомпанијата ќе придонесе за развој на туризмот во регионот, истовремено обезбедувајќи можности за високо квалитетни патувања со ниска цена.

Денешното соопштение доаѓа во време кога запoчнува новата ера на патување според специјални санитарни услови на Wizz Air. Авиокомпанијата неодамна објави низа засилени мерки за хигиена, за да се обезбеди здравје и безбедност на своите патници и членови на екипажот. Како дел од овие нови протоколи, за време на летот, и патниците и екипажот треба да носат маски на лицето, а екипажот треба да носи и ракавици. Авионите на Wizz Air редовно се поминуваат со специјален анти-вирусен раствор, а следејќи го дневниот распоред на Wizz за чистење, сите авиони на авиокомпанијата дополнително се дезинфицираат и преку ноќ со истиот анти-вирусен раствор. Секој патник при влегување во авионот ќе добие санитарни марамчиња, магазините од авионот се отстранети, а сите продажби за време на летот е препорачано да се вршат со бесконтакнто плаќање. Патниците треба да ги следат мерките за физичко дистанцирање претставени од локалните здравствени власти и се охрабруваат да ги купуваат сите услуги пред летот преку интернет (на пр. Чекиран багаж, Wizz priority, брза безбедносна патека), за да го минимизираат можниот физички контакт на аеродромот. На линкот погледнете го новото видео за здравје и безбедност на Wizz Air. https://www.youtube.com/watch?v=2mVFOEaDrxI&feature=youtu.be

Со додавање на WIZZ Flex при резервирање, патниците можат да бидат сигурни дека доколку околностите се променат, или едноставно патникот сака да патува на друг датум, или на друга дестинација, може да ја смени картата за било кој лет на Wizz по сопствен избор. Обезбедувањето на оваа дополнителна услуга е заштита за патниците посебно во овие неизвесни времиња.

– Денешното соопштение ја поткрепува нашата долгорочна посветеност кон Австрија. Задоволство ми е да го објавам додавањето на Салцбург во нашата мрежа, само три недели откако воведовме нови рути во нашата мрежа во Виена. Wizz Air е посветен на развивање на присуството на авиокомпанијата во Австрија и нуди поприфатливи можности за патување сега и од Салцбург. Нашите протоколи и безбедни санитарни услови гарантираат заштита на највисоко ниво во најзелената флота во Европа. Убеден сум дека ултра ниските цени на Wizz Air и одличната мрежа na маршрути ќе придонесат за засилување на туризмот во Салцбург и остатокот од Австрија – рече на денешната прес-конференција во Салцбург, Јазеф Варади, извршниот директор на „ Wizz Air Group“.

– Wizz Air доаѓа и во Салцбург и тоа во овие тешки времиња! Ова не е само важен сигнал за нас и целиот пазар, туку ја потенцира и вредноста на регионот. Отсекогаш постоеше голема побарувачка за директни линии со Источна Европа, што сега ќе можеме да ја понудиме “, вели Бетина Гангхофер, извршен директор на аеродромот во Салцбург. „Јас сум целосно убеден дека сите овие дестинации ќе бидат добро прифатени од нашиот пазар – додаде Бетина Гангхофер.

– После првиот контакт со Wizz Air во август 2019 година, лично јас сум повеќе од задоволен што WIZZ сега ја нуди услугата и од Салцбург. Ова е јасен и суштински сигнал за целата покраина на Салцбург, како и за соседните региони. Не само затоа што туризмот го чекаше враќањето на гостите, ова е важно и за другите сектори како економијата и индустријата кои чекаа и се задоволни од новите летови. Овие нови рути не само што им овозможуваат на туристите и деловните партнери да стигнат бргу до Салцбург, туку и компаниските претпријатија од други земји сега ќе можат лесно да се поврзат со Салцбург. Особено за време на тековната криза Ковид-19, Wizz Air e светла точка за многу важни компании во покраината. По огромното намалување на патниците и на дестинациите поради Корона, овие нови рути започнуваат во совршено време и ќе му помогнат на аеродромот во Салцбург постепено да се врати во нормалност – вели заменик-државниот гувернер и претседател на Управниот одбор, д-р Кристијан Штукл.

НОВИ РУТИ НА WIZZ AIR ОД САЛЦБУРГ

Дестинација Денови Започнува Цени од**
Салцбург – Белград Среда, Недела 1 Јули 2020 €24.99
Салцбург – Киев Среда, Недела 1 Јули 2020 €19.99
Салцбург – Скопје Среда, Недела 1 Јули 2020 €19.99
Салцбург – Букурешт Четврток, Недела 2 Јули 2020 €19.99
Салцбург – Тузла Четврток, Недела 2 Јули 2020 €14.99
Салцбург – Ларнака Вторник, Недела 4 Јули 2020 €19.99
Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Казино „Фаминго“ донира медицинска опрема во вредност од 20.000 евра на болницата во Гевгелија

saso user

Дали прогресивниот данок ги натера работниците да отворат сметки во соседството?

saso user

Хакерите лани украле криптовалути во вредност од околу 300 милиони долари

saso user