Урбани вести

ВМРО ДПМНЕ :Георгиески три месеци одложуваше за ребалансот на буџетот и на крајот реши да биде партиски послушник на СДСМ

Власта на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески се однесуваат крајно несериозно кога станува збор за здравјето и интересот на граѓаните.

Георгиески три месеци одложуваше за ребалансот на буџетот и на крајот реши да биде партиски послушник на СДСМ. За жал градскиот татко не се откажа од 17.800.000 денари за партиски вработувања, наместо да ги пренамени тие средства за помош на граѓаните и справување со економската криза.

Наместо градски татко, Георгиески не се откажа од патните и дневни расходи од 540.000 денари и да помогне во борба со коронавирусот и поддршка на стопанството.

Георгиески се откажа од две плати, но никако не се откажува од јадење и пиење и од дневници за службени патувања.

2.340.000 денари ќе потроши нашиот градоначалник за патни трошоци и репрезентации додека градот пропаѓа и охриѓани се борат за здравје, за задржување на своите работни места и се чудат како да врзат крај со крај.

СДСМ и Георгиески не ги интересира здравјето на граѓаните и нема помош за граѓаните кои се оставени сами на себе во овие тешки времиња.

ВМРО-ДПМНЕ предлагаше мерки и апелиравме навремено, но неспособноста и незнаењето на СДСМ и Георгиески со задоцнетиот ребаланс на буџетот ги докажаa нивните неуспешни економски политики.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

(Видео&Галерија) Голема донаторска акција на Винарија „Лозар“ Велес на алхохол во Охрид за потреби на здравствените центри во Западна Македонија

saso user

ВОВЕДЕНО КОНТРОЛИРАНО ДВИЖЕЊЕ ВО НП “ГАЛИЧИЦА“.

saso user

ЈП Градски Пазар Охрид изадава тезги по повод новогодишните празници

saso user