Урбани вести

ВМРО ДПМНЕ :Георгиески лаже,нема ниакви активности за остранување на дивоградбите во кампот Градиште!

Фарсата на Георгиески излезе на виделина откако денеска целата јавност виде дека воопшто нема активности за отстранување на нелегално изградениот ѕид во авто-кампот „Градиште“.

Каде е сега Георгиески откако излажа дека започнале активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид?

Глумејќи театралност пред очите на граѓаните, само по два дена најпрвин ја повлекуваат механизацијата, а потоа се дозволува да се продолжи заѕидувањето на крајбрежјето.

До кога пред очите на Георгиески ќе се нарушува светското природно и културно наследство на Охрид?

Веќе не знаеме по којпат охриѓани го видоа лицемерието на Георгиески како партиски послушник на СДСМ.

Кај Георгиески нема храброст за справување со урбаната мафија, затоа што таа е аминувана од него.

СДСМ и Георгиески докажаа дека не се способни да го задржат статусот на Охрид како светско природно и културно наследство заштитено од УНЕСКО.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ ВО ПОСЕТА НА КОМПАНИИТЕ „ЛХТ ЛЕАРНИЦА“ И „БРАТСТВО ИНОКС“

saso user

СЕ САНИРААТ ОШТЕТЕНИТЕ ДЕЛОВИ НА УЛИЦАТА „ВАСИЛ ГЛАВИНОВ“

saso user

Итен состанок на општинскиот кризен штаб во Општина Ресен

saso user