Македонија

Алијанса за Албанците: ДУИ ја користи пандемијата како алатка за предизборна кампања

Не е првпат официјални лица на ДУИ, како што се тие на локално и централно ниво, да ја злоупотребат ситуацијата со пандемијата за нивните партиски интереси, се вели во соопштението на Алијансата за Албанците.

„Министрите на ДУИ, како што беше случајот со министерот за економија Крешник Бектеши, промовираше економски мерки од седиштето на ДУИ, проекти кои се спроведуваат со парите на даночните обврзници. Исто постапи и заменик министерот за финансии, Ширет Елези. Оваа навредлива практика, со јавното здравје на граѓаните, ја практикуваат и раководителите на општините предводени од ДУИ, честопати избирајќи или седиште на ДУИ или нејзиното потекло, заборавајќи дека тие како градоначалници треба да бидат во интерес на сите граѓани а не само на нивните гласачи и милитантите на партијата. Градоначалниците на Дебар Хекуран Дука, и тој на Чаир Висар Ганиу парадираа пред логото на ДУИ, со што се подразбира дека логото на партијата дури и во време на пандемија е поважно од здравјето и животот на нашите граѓани“, наведено е во соопштението.

Алијансата за Албанците ја повикува Антикорупциската комисија да реагира на недоличното однесување на функционерите на ДУИ.

„Ја повикуваме Антикорупциската комисија да реагира што е можно поскоро на недоличното однесување на функционерите на ДУИ кои своите институционални позиции ги ставаат на служба на нивниот рејтинг и на располагање на политичка корист“, се вели во соопштението.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Во живо: Во Прес конференција на Магдалена Филиповска Грашкоска, претседателка на инспекциски совет

saso user

Трагите од пукањето во „Александар Палас“ водат кон Арачиново

saso user

Пазарниот инспекторат во Куманово под клуч, заразен е еден инспектор

saso user