Сцена

Џенифер Лопез проговори за одложувањето на венчавката: Срцето ми е скршено на парчиња!

Загрижена сум и постојано размислувам за тоа што ќе биде кога станува збор за мојата венчавка, рекла прекрасната Џенифер Лопез, откако пандемијата со коронавирусот ѝ ја одложи свадбата со Алекс Родригез.

– Никој не знае кога ќе биде. Навистина, засега нема планирања. Разочарувачки е. Планиравме да се одмориме по „Супер боул“, а всушност само тоа го правиме. Сепак, имавме многу планови за ова лето, како и за целата година, но сега некако сè е ставено на чекање – рекла Лопез.

Таа додала дека премногу емотивно го доживеала одложувањето на венчавката.

– Срцето ми е скршено на парчиња. Но, знаете што? Бог има поголем план, па едноставно мора да почекаме и да видиме. Можеби тоа ќе биде и подобро. Морам да верувам дека ќе биде така – рекла Џенифер.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Лени Кравиц доаѓа во Скопје со 10 камиони со опрема за звук и светло

saso user

Меган Маркл и принцот Хари го бојкотираат Фејсбук

saso user

Тешки обвиненија: Чарли Шин го силуваше Кори Хајм кој имаше само 13 години ФОТО

saso user