Спорт

Откупната клаузула на Фати ќе се зголеми на 230 милиони евра

Во позадина на намалените средства во фудбалот во Барселона се свесни дека скоро и да нема шанси да го вратат Нејмар. Во овој поглед, клубот ќе мора да го користи она што го има.

„АС“ информира дека многу скоро – ова лето, шампионите на Ла Лига и официјално ќе го промовираат својот тинејџер Ансу Фати во играч од првиот тим. Така, 17-годишниот напаѓач ќе добие нова откупна клаузула од 400 милиони евра.

Во декември, талентот потпиша договор до 2022 година со клаузула од 170 милиони евра. Според договорот, сепак, клаузулата ќе се зголеми за 230 милиони веднаш штом Фати ќе стане дел од првиот тим.

За својата кревка возраст, Ансу направи извонредни први чекори во големиот фудбал, искористувајќи го отсуството на Усман Дембеле и Луис Суарез.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

НАТО го помести пречекот на Вардарци: На плоштад ќе бидат по 19 часот

saso user

Скијање: Австриецот Маер победи во алпска комбинација во Венген

saso user

Голден Арт КЛ 7 со две кадровски засилувања во стручниот штаб

saso user