Македонија Урбани вести

(Галерија)Делегација на СДСМ Охрид положи свежо цвеќе пред споменикот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј во Охрид

Делегација на СДСМ Охрид , предводена од претседателот Лазе Танески и пратеничката Жаклина Лазаревска по повод 24-ти Мај, Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, положија свежо цвеќе на споменикот на  сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј во Охрид.
– „ Сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј со своето дело светите браќа беа светилник кој ги водеше словенските народи кон описменување.
Поради нивната племенитост во работењето, но и обединувачки мисии и пораки, браќата Кирил и Методиј се дел од европското културно наследство, спрема кое ние се поклонуваме со почит.
Почитувани, светите браќа не задолжија, а ние ќе продолжиме да го негуваме македонскиот јазик и кирилично писмо во иднина, истакна Лазе Таневски во неговото обраќање до медиумите.
Нека ни е честит и вековит празникот.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Шестмина дарувале крвна плазма, досега се обезбедени 52 единици

saso user

Дедото на Кирацовски даде отказ во фирмата ќерка на ЕЛЕМ

saso user

Облачно, попладне можен дожд

saso user