Урбани вести

ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ВЛАСИТЕ

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески ,  упати честитка до сите припадници на влашката заедница во Охрид и  Република Северна Македонија по повод 23 Мај –  Националниот ден на Власите.

– Влашкиот народ како посебна етничка и културна заедница, има особено значење  во нашава земја. Власите се нераскинлив дел од македонската нација и македонската историја. Нивната култура, традиција, фолклор и јазик се значаен сегмент од богатството на македонското општество, кое  се темели на меѓусебно разбирање и  почит.

Одбележувајќи  го овој празник покажуваме дека ги  почитуваме и негуваме традиционалните вредности и меѓусебното разбирање на сите етнички заедници во нашава држава. Тоа е влог во заедничкиот просперитет и напредокот  во нашава  татковина која нуди подеднакви можности за сите нејзини граѓани– се вели во честитката на градоначалникот Георгиески,  по повод 23 Мај-  Националниот ден на Власите.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Манастир „СИТЕ СВЕТИИ“: Веќе неколку денови и Манастирот и Народот се оставени без вода на овие високи температури

saso user

Означен почетокот на проектот „Нови Можности за Безбеден Зимски Авантуристички Туризам“

saso user

КОНКУРС ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА БЕСПЛАТНИ КУРСЕВИ ЗА: ГОТВАЧИ, ЗАВАРУВАЧИ, СМЕТКОВОДИТЕЛИ И ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК

saso user