Спорт

Федерер: Во моментов не гледам причина да тренирам

Роџер Федерер, носителот на рекордни 20 Гренд слем титули, откри дека во моментов не тренира и не гледа причина да го прави тоа. Бр. 4 во светот е фокусиран на неговото семејство во моментот. Швајцарецот и неговата сопруга Мирка имаат две момчиња близнаци и две близначки.

– Од операцијата во 2016 година, немав поминато пет последователни недели дома. Беше одлично време за целото семејство, имаме среќа да бидеме здрави. Нашето семејство и пријатели се добри. Понекогаш полудуваме, поминувајќи толку многу време заедно, но тоа е нормално. Вистината е, јас не тренирам бидејќи, искрено, не гледам причина да го сторам тоа во моментот. Физички сум добро и мислам дека ќе биде долго време пред да започнеме повторно да се натпреваруваме. За мене е важно сега да се одморам добро – рече Федерер во разговорот со друг поранешен бр.1 во светот – трикратниот шампион на „Ролан Гарос“, Густаво Куертен (Бразил)..
Тој додаде дека не му недостасува толку многу тенисот.

– Иако кога се приближуваме кон враќање и имам цел да тренирам, ќе бидам супер мотивиран, додаде 38-годишниот Швајцарец, цитиран од „essentialsports.com“.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Македонските фудбалери со најдобар пласман во еден квалификациски циклус

saso user

Бразил на пенали до полуфинале на Копа Америка

saso user

Икарди го остава Интер на цедило и за „Дерби дела Мадонина“

saso user