Свет

Трамп повика гувернерите да ги отворат верските објекти „веднаш“

Американскиот претседател Доналд Трамп  вчера повика гувернерите да овозможат црквите и другите верски објекти во сојузните држави да ги отварат вратите, додека земјата полека ги укинува мерките на карантин по епидемијата од коронавирус.

На брифинг за новинарите денеска во Белата куќа Трамп изјави дека „ги идентификувам верските објекти како цркви, синагоги, џамии, за суштински места кои обезбедуваат суштински услуги“.

– Гувернерите треба да направат тоа што е исправно, и да овозможат овие важни суштински места за вероисповест да се отварат веднаш, за викендот – изјави Трамп.

Тој додаде ако не го сторат тоа, „ќе ги анулира нивните решенија. Во Америка нам ни треба повеќе места за молитва, не помалку“.

Во САД викендов е празник Ден на сеќавањето, посветен на сите Американци кои загинале во бој во разни војни и ја дале конечната жртва за нацијата.

Претходно, по повод овој ден, претседателот нареди знамињата на сите владините згради и споменици да бидат спуштени на половина копје во следните три дена за сеќавање на Американците кои ги загубија животите во пандемијата на коронавирусот.

Фото: EPA/MICHAEL REYNOLDS

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Администрацијата на Трамп му даде на „Хуавеј“ привремена лиценца за 3 месеци

saso user

Во Бугарија секој месец исчезнува по едно село

saso user

Руската амбасада со протестна нота до Вашингтон поради Бутина

saso user