Свет

Тајланд почна со тестирање вакцина против ковид-19 врз мајмуни

Тајланд денеска почна со тестирање вакцина против новиот коронавирус врз мајмуни, по позитивните испитувања извршени врз експериментални глувци, изјави тајландскиот министер за наука и образование Сувит Мисинци.

Тој истакна дека истражувачите преминале на тестирање на вакцината врз мајмуни, изразувајќи надеж дека ќе имаат појасен увид во ефикасноста на вакцината до септември.

– Овој проект е за целиот човечки род, а не само за Тајланѓаните. Политиката на премиерот е дека мораме да развиеме вакцина и да се придружиме кон работната сила на светската заедница кога е тоа во прашање – нагласи Сувит.

Тајланд во средата објави дека развива вакцина, една од најмалку 100 потенцијални вакцини кои се подготвуваат низ светот, надевајќи се дека ќе почне да ја произведува следната година.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Најмалку 21 лице загина во воздушни напади во Идлиб и Алепо

saso user

Стотици затвореници го урнале ѕидот и побегнале од затвор во Западна Папуа

saso user

Се урна Миг-29, пилотот се спасил

saso user