Македонија

Сончево со локална облачност, температурата до 25 степени

Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до девет, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Во следните денови ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Во недела во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Понестабилно време се очекува во вторник и среда

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Нова улица во Тафталиџе1

saso user

Филипче: Пациентот од Тетово претходно бил во Козле

saso user

Во Шведска уапсен Дејан Давидовски, обвинет за „27 април“

saso user