Бизнис Македонија

Семејството Стајиќ донира 1 милион денари за семејството на Емилија чие срце беше трансплантирано

Семејството Стајиќ, основачи и сопственици на компанијата Gulf Oil во Македонија донираат 1 милион денари за семејството на трагично починатата Емилија Динева, чии органи беа донирани за да се спасат три други животи, соопшти компанијата.

Минатата ноќ, беше направена првата успешна трансплантација на срце и беше спасен еден човечки живот, благодарение на хируршкиот тим на клиниката за кардиологија во Скопје, но пред сѐ благодарение на семејството на Емилија Динева кои се согласија органите на Емилија, нивната мајка и сопруга, да бидат донирани на тројца кои имаа потреба од нив.

Трагична, емотивна и мотивирачка приказна која ја потресе целата јавност, а воедно и даде надеж на многу луѓе кои на еден или на друг начин се засегнати од приказната.

– Нашето семејство изразува длабоко сочувство до семејството Диневи и воедно им изразува огромна благодарност за хуманиот гест кој им овозможи на тројца да ги продолжат своите животи. Можеме само да замислиме низ што поминуваат и се надеваме дека барем малку можеме да им помогнеме. Треба да се горди – велат од семејството Стајиќ.

Воедно, се надеваат дека ова семејство ќе мотивира и други да го следат примерот и да продолжат да се спасуваат човечки животи, да се најде барем малку среќа во било која несреќа.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Втор ден нема починати од ковид-19, но се регистрирани 21 нов случај на заразани и 17 оздравени

saso user

Блупринт група: СЈО треба да продолжи, а „бомбите“ да бидат употребувани

saso user

Мицкоски: Не го коментирам лажливото видео на Заев, имаме пад на економијата и најмногу жртви од ковид-19 во регионо

saso user