Македонија

Пукотници на Булеварот Христијан Тодоровски Карпош во Бутел

Булеварот Христијан Тодоровски Карпош во Бутел во моментов е затворен од полициски специјалци по престрелка која се случила пред еден час .

Според  информации, станува збор за престрелка меѓу две групи поврзана со инцидентот што се случи во хотелот „Александар Палас“.

Од МВР го потврдија инцидентот .

-Во 17.47 часот О.И. пријавил дека на улицата Христијан Тодоровски Карпош, новиот дел после подвозникот од десната страна , од два автомобили, едниот „фолксваген пајтон“ сива боја и „ауди А4“ црна боја од страна на неколку лица било пукано со автоматско оружје кон О.И., но никој не бил повреден. Пријавителот посочил дека препознал дел од напаѓачите. Се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Земјотрес со јачина од 3,3 степени по рихтер регистриран е во 11:35 минути по локално време. Епицентарот е во Штип, а почувствуван е и во други делови од државата.

saso user

ОТВОРЕНО ПИСМО НА МИЦКОСКИ Ви се поклонувам вам, јунаци!

saso user

ИРЛ: Сопругата советничка на Заев, сопругот во поход во медиумскиот бизнис

saso user