Македонија

Приведени 28 граѓани за непочитување на полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Македонија на 48 лица им се издадени решенија за изолација, а 17 лица потпишале изјави за самоизолација, соопшти МВР.

– Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 52 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 28 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Исто така по однос на мерката за не носење лична  заштита на лице регистрирани се  205 прекршоци, пишува во соопштението на полицијата.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Течат роковите за спроведување на предвремените парламентарни избори

saso user

Иванов посака идниот претседател да им ги исполни очекувањата на граѓаните

saso user

Кривична за газда на аптека од Куманово за пуштање во промет штетни средства за лекување

saso user