Бизнис

Најавата на нова вакцина донесе милионска заработувачка на Волстрит

Акциите на американската биотехничка компанија „Модерна“ скокнаа дури 30 проценти минатиот понеделник, откако беше објавено дека се постигнати ветувачки резултати во потрагата по ефикасна вакцина против коронавирусот, објави Си Ен Ен..

Во понеделникот и вторникот, финансиски и медицински директори на компанијата Модерна ги продадоа своите акции и остварија вкупна добивка од 27 милиони долари за само 24 часа.

Вкупната пазарна вредност на оваа биотехнолошка компанија се искачи на неверојатни 29 милијарди американски долари, иако фирмата нема свои производи на пазарот, според Си Ен Ен.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Берзите вивнаа по американското укинување на царините за челик од Канада и Мексико

saso user

Жетвата во тек, се очекува за четири отсто повисоко производство

saso user

Бизнисмените бараат да се укине Законот за трговија на зелени пазари

saso user