Свет

Над два милиона заразени во Европа

Во Европа се регистрирани над два милиона заразени со новиот коронавирус.

Најголем број заразени се во Русија, а следуваат Велика Британија, Шпанија, Италија и Франција.

Русија има потврдено 335.882 заразени, а 3.388 починати. Во текот на овој месец, дневно се регистрирани и по 10.000 заболени лица.

Во Велика Британија досега се пријавени 257.154 заразени случаи.

Шпанија и Италија беа жаришта и најпогодени земји во Европа. Во Шпанија досега се регистрирани 234.824 заразени и 28.628 смртни случаи.

Италија има потврдено 229.327 случаи на заразени лица, а од последица на коронавирусот починаа 32.735 луѓе.

Повеќето држави почнаа со ублажување на мерките кои се воведени поради спречување на ширењето на епидемијата.

Популарните европски летни дестинации се подготвуваат веќе кон средината на јуни да пречекуваат туристи, по двомесечниот целосен карантин. 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Прва жртва по укинувањето на автономијата на Кашмир

saso user

Чилеанка на 111 години го победи ковид-19

saso user

Северна Кореја: Трамп е „сенилен старец“

saso user