Спорт

Ла Лига се враќа на 8 јуни!

Долгоочекуваната вест за шпанските фудбалски навивачи е факт!

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека фудбалскиот шампионат во земјата добил „зелено светло“ за повторно да започне од неделата, која започнува на 8 јуни (понеделник).

– Шпанија прави што може и сега се отвораат нови хоризонти. Време е да се продолжи со многу активности. Ла Лига се враќа на 8 јуни – рече тој.

Сега шефовите на Ла Лига по паузата ќе одлучат за датумот за првото коло во Шпанија. Ова се очекува да биде викендот на 13-ти и 14-ти јуни.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Македонските фудбалери со најдобар пласман во еден квалификациски циклус

saso user

Кутињо на лето може да оди во Челзи

saso user

Предност за Ливерпул и Тотенхем по првите четвртфинални средби во ЛШ

saso user