Балкан

Во Хрватска и во Словенија нема новозаболени од ковид-19

Во Хрватска и во Словенија во изминатите 24 часа нема регистрирани нови заболени од ковид-19, а нема ни починати, соопштија надлежните од овие две балкански земји.

Во Хрватска до сега заразени се 2.243 од 60.864 тестирани, на респиратор се 6 пациенти, а починати се 99. Активни се уште 121 случаи.

Во Словенија пак веќе втор ден нема новозаразени и починати.

Вчера се пуштени дома двајца пациенти, додека на лекување се уште 19 пациенти, од кои четворица на интензивна нега, пренесе СТА.

Вчера во Словенија биле направени 677 тестови, а вкупно од почетокот на пандемијата 74.419. До сега потврдени се 1.468, а од болница до сега се пуштени 280 пациенти.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

„Господин Никој“ објави кандидатура за претседател на Хрватска (ВИДЕО)

saso user

Владата на Хрватска со мерки за итна контрола на цените за одредени производи

saso user

Пожарите беснеат, голема еколошка катастрофа во Грција (ВИДЕО)

saso user