Балкан

Во Албанија утре се отвораат верските објекти

Од утре во Албанија се отвораат сите џамии и цркви и ќе продолжат со нивните верски активности.

Веста преку објава на Фејсбук ја соопшти премиерот Еди Рама, кој напиша „со среќна нога на овој убав ден од верскиот календар“.

– Во неделава што изминува во соработка со верските заедници подготвивме протоколи за здравствена безбедност. Откако ги добивме нивните предлози, ги оценивме и ги одобривме и одлучиме да ја отвориме активноста на храмовите со сите релевантни ограничувања, започнувајќи од
утре. Со среќна нога и благословот на светлината на утрешниот прекрасен ден од верскиот календар, напиша Рама.

Честитајќи им го на муслиманските верници утрешниот голем празник Рамазан (Фитер) Бајрам, премиерот Рама, исто така, посака отворањето на џамиите (под голема грижа на духовните водачи на заедницата за почитување на протоколот предложен од самите нив) да биде „добар знак за мир и
благосостојба за сите заедници и самата Албанија и Албанците во ова тешко време“.

Фото: МИА

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Почина дете од Србија по пад од седми кат

saso user

„Билд“ објави „бомби“ како се купуваат гласови во Албанија

saso user

Српската Влада дозволи државјаните со негативен тест да не одат 14 дена во самоизолација

saso user