Балкан

Црна Гора се подготвува за нов бран на коронавирус

Црногорскиот здравствен систем се подготвува за евентуален нов бран на коронавирус, изјави денеска црногорскиот министер за здравство Кенан Храповиќ, иако, како што вели, прашање е дали воопшто ќе се појави нов бран.

– Ние се подготвуваме како да ќе има нов бран. Ги видовме ефектите од мерките за превенција што ги спроведовме и суштината на соодветниот одговор е навремена заштита – изјави Храповиќ за новинската агенција Мина.

Црна Гора нема нови заразени повеќе од две недели, а Храповиќ потсети дека од 325 заразени лица, само 76 биле хоспитализирани.

– Црна Гора достигна 175 од почетните 75 респиратори за кратко време, испораката на десет респиратори се очекува следната недела, а 86 до крајот на јуни – додаде Храповиќ. 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Хрватска ги повлекува војниците од Ирак

saso user

Земјотрес во Корча со јачина од 4,7 степени, почувствуван во Македонија и во Грција

saso user

Бугарија забранува пржена храна, колачи и слатки во детските градинки

saso user