Македонија Топ вести

Филипче: Во Македонија за првпат ќе се изведе трансплатација на срце

Министерот за здравство, Венко Филипче, информира дека во моментов се прави подготовка за правење на првата трансплатација на срце во нашата земја.

Тој на својот Фејсбук профил напиша дека се поготвува тим во джавната Кардиохирургија кој ќе ја направи оваа сложена интервенција.

„Имаме, за жал, почината пациентка чие семејство се согласи да го донира срцето и пациент кој веќе подолго време чека донор. Се спремаат тимовите и доколку дозволи клиничката состојба во текот на вечерта ќе се изврши најпрво експлантација на срцето од донорот, а потоа и трансплатација. Операцијата ќе се изврши на Клиниката за кардиохирургија каде ќе работи мешан тим на кардиохирурзи. Станува збор за исклучително тешка и ризична операција, да им посакаме среќа на докторите и на пацинетот“, пишува министерот Филипче.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Измамник од брачен пар извлекол 200 евра за огревни дрва

saso user

До крајот на неделава топло, од понеделник ќе застуди и ќе врне

saso user

Османи негативен на ковид-19

saso user