Балкан

Тачи најавува крај на политичката кариера

Косовскиот претседател Хашим Тачи најави дека ќе ја напушти политичката сцена кога во февруари следната година ќе му истече мандатот, а како што додаде, премногу се радува поради тоа.

Во емисијата „Рубикон“ на КТВ, тој рече дека со многу компетенции бил на влст во последните 20 години и дека токму тоа му давало сила.

– Се обидував да бидам искрен, коректен и непосреден кон граѓаните. Веќе шест години не сум премиер. Секој има свои достигнувања и го ценам тоа. Косово има демократска традиција. На сите им посакувам успех во новите приоритети – рече Тачи.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Рама на Самитот во Лондон ќе бара пари за санирање на штетите од земјотресот

saso user

Парламентарни избори во Хрватска на 5 јули

saso user

Референдум за усвојување на еврото би значел излез на Бугарија од ЕУ

saso user